Македонскиот конзулат во Солун е во постојана комуникација со семејствата на исчезнатите во Грција

По добиените информации за несреќата во Посиди, Грција, од вчера (09.07.2022) нашите дипломатски-конзуларни претставништва во Грција се во интензивна комуникација со надлежните грчки органи, односно со крајбрежната служба за спасување, соопшти Министерството за надворешни работи.
„Според досегашните информации, вчера околу 15:00 часот тројца наши државјани кои влегле во морето, поради лошото невреме се нашле во беспомошна ситуација да се оддалечуваат од брегот. Со помош на едно приватно пловило, едниот од загрозените вчера бил спасен после два часа поминати во вода. По продолжување на потрагата денес, утрово е добиена потврда за пронаоѓање на уште еден од групата, кој исто така е во добра здравствена состојба, иако веќе подолго време бил во вода“, велат од МНР.
Генералниот конзулат на Македонија во Солун е во комуникација со семејствата на загрозените наши државјани, и стои на располагање за секаква помош, додаваат од министерството. Потрагата на грчката крајбрежна служба продолжува за пронаоѓање и на третиот исчезнат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утре во Солун минута молк за загинатите…
Со минута молк утре во 12 часот…
Тројца тешко повредени пациенти транспортирани во Солун
Првите три пациенти од Клинички центар кои…
Над милион патници се возеле со солунското…
Новата подземна железница во Солун, која се…
Голема акција на грчката полиција- во Солун…
Службеници на Дирекцијата за борба против организираниот…
На универзитет во Солун се говореше за…
За првпат се случува конференција на олку…