Објавено на:

Македонскиот Омбудсман да формира тело за следење на говор на омраза кон Бугарите – ново барање на Петков

t

Бугарскиот премиер Кирил Петков од Рим испрати порака дека нема самостојно да носи одлука за Македонија туку тоа мора да биде со широк консензус.Истовремено тој побара од претседателот Радев да го свика Советот за национална сигурност.

Решението не може да биде само на владејачката позиција туку треба да биде заедничка национална позиција. За последните шест месеци се случија многу работи, разговори, беа разменети идеи, службите имаат многу информации да споделат.Проблемот со соседот не може да биде решен самостојно, тоа е национално прашање и имаме потреба од заедничко решение-изјави денеска Петков.

Тој најави дека од Ковачевски на утрешната средба ќе побара македонскиот омбудсман да  формира комисија која ќе го следи јазикот на омраза кон Бугарите и оти би било добро во таа комисија да има претставници од Бугарите во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…

Двометарски нилски крокодил живее во јама на…

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…

Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија

Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…

Македонија ја прегази Бугарија за финале на…

Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…