Македонскиот тенисер Калин Ивановски ја мина првата пречка на фјучерсот во Австрија
Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски се пласираше во второто коло на ИТФ фјучерсот вреден 15.000 долари кој се игра во Инсбрук, Австрија.
Ивановски во два сета беше подобар од чешкиот тенисер Томаш Јирушек. Тој го доби првиот сет со 6:3, а вториот го освои во тај-брејк.
Во второто коло, македонскиот тенисер ќе се сретне со првиот носител на турнирот Валентин Вашеро од Франција.