Македонскиот јазик ќе биде недопирлив сè додека го користиме, заштитуваме и унапредуваме, вели Маричиќ

t

Кога светот го одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик се потсетуваме на нашата должност за негување, чување и афирмацијата на македонскиот јазик, но и на јазиците што ги користат народите во светот, наведе вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во објава на Фејсбук.

– Македонскиот јазик е нашиот идентитет и сè додека го користиме, заштитуваме и унапредуваме ќе биде недопирлив. Македонскиот јазик е еден од околу 7000-те јазици кои постојат во светот, рамноправен со јазиците на земјите членки со ЕУ и иден официјален јазик во европското семејство, вели Маричиќ по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

Вицепремиерот нагласува дека нашите предци нѐ задолжија да го користиме и унапредуваме мајчиниот јазик, но и да го цениме и почитуваме јазикот на нашите сограѓани.

– Нека е честит Меѓународниот ден на мајчинот јазик, додава Маричиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маричиќ – Хан: ЕУ работи на создавање…

Европската Унија работи на паралелни реформи во…

Маричиќ: Договорот од Преспа на дело, со…

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски…

Маричиќ од Црна Гора: Време е за…

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски…

Маричиќ: Бугарија има историска можност да подаде…

Покажавме дека знаеме да градиме мостови со…

И Димитров yдpи по Маричиќ: He е…

Поранешниот министер за надворешни работи и доскорешен…