Македонските аеродроми не се засегнати од глобалниот проблем со „Crowdstrike“

t

Аеродромот Скопје и аеродромот во Охрид не се засегнати од глобалниот технички дефект предизвикан од софтверот на „CrowdStrike“, нè брифираат од „ТАВ Македонија“.

Големиот дефект на ИТ системите предизвика проблеми насекаде низ светот. Летовите се откажани, банките и другите големи институции се затворени, а други системи како железницата и здравството се исто така парализирани.

Аеродромите од Нов Зеланд, преку Германија до Индија беа буквално парализирани, а на патниците им беше препорачано само да ги следат најновите информации.

Големите медиуми како „Sky News“ не можеа да ги емитуваат своите програми, а здравствените системи на Велика Британија и Хрватска доживеаја проблеми на сервисните платформи.

„Crowdstrike“ појасни дека проблемот е поврзан со нив, поточно нивните клиенти кои користат „Windows“. Проблемот, посочуваат, настанал по ажурирањето на безбедносниот софтвер што го користат големите компании – промените во меѓувреме се поништети, а на компаниите кои го користат тој софтвер им е испратен предлог за потенцијално решение.

ИТ експертот, Сенад Аруч во разговор за „Локално“ информира дека проблемот е во што сите овие компании инсталирале во „mission-critical“ серверите. Според него, не е целата вина во „Crowdstrike“, туку и до менталитетот и проблемот на ИТ-секторот.

Не можеш да водиш авиокомпанија или банка ако немаш време за опоравување од 20-30 минути, што и да се случи. Многу други проблеми има исто, наведува ИТ-експертот.

Сепак, дециден е дека човечки фактор влијае на ваквите грешки.

-Ваквите дефекти во идеална ситуација треба да се отстранат многу брзо. Во компаниите треба да биде најмногу до еден час, ако ги имаат сите процеси, објаснува Аруч, додавајќи дека приватните корисници се исто така загрозени од овој дефект.

Во меѓувреме, се огласија и од „Wizz Air“. Велат дека патниците на „Wizz Air“ може да доживеат прекини низ мрежата бидејќи услугите на вебстраната и мобилните апликации привремено се недостапни.

-За време на прекинотдостапно е бесплатно пријавување на аеродромот. Затоа, ги советуваме патниците да пристигнат на аеродромот најмалку 3 часа пред закажаното време на поаѓање за да овозможат доволно време за пријавување, безбедносна контрола и здравствени и безбедносни процедури специфични за аеродромот, појаснуваат од „Wizz air“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешниот косовски претседател ја попари Османи: НЕ…

Не постои ниту еден тип на имунитет…

Пронајден починат маж во напуштена куќа во…

На 02.08.2024 во 10.51 часот во СВР…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…

(Фото галерија) Општина Аеродром претворена во змијарник,…

Хаос во населба Мичурин, со месеци никој…

Маж пронајден мртов на клупа во Аеродром

– На 21.07.2024 во 13:34 часот во…