Македонските граѓани кажаа: Србија е најголем пријател на Македонија, на второ место е САД, најмалку доверба имаат во една соседна земја
Граѓаните сметаат дека најголем пријател на Македонија е Србија. За речиси 39 отсто од испитаниците, Србија е прв избор на пријателство, додека на второто место се наоѓаат САД со 17 отсто. Интересен е падот на Европската Унија, за која оваа година, споредено со 2020 се изјасниле само осум отсто, пишува Слободен Печат.
Ова го покажуваат наодите од „Опсерваторијата на влијанието и имиџот на државите” во рамки на проектот на Институтот Преспа „Надворешна политика и меѓународни односи”, во чии рамки функционираат две компоненти, Индекс за меѓународно присуство и Имиџ опсерваторија.
Според овие наоди, овој тренд на двојство на Србија и САД се следи кај сите демографски групи и кај сите главни прашања.
Од сите соседни земји македонските граѓани за пријател најмногу ја сметаат Србија, потоа Албанија, Косово, Грција и најмалку доверба имаат во Бугарија. Притоа, според резултатите од анкетата граѓаните велат дека економските односи меѓу државите се значително подобри од политичките односи.
Делатните резултати од анкетата може да ги видите на следниот линк.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија ќе изгради музеј во чест на…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…
Нови протести против ископувањето на литиум во…
Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…
Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…
В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…
В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…