Македонските државјани во Кина ќе патуваат без визи
Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека ќе ја прошири политиката на безвизен режим за уште девет земји, меѓу кои и Македонија.
Помеѓу 30 ноември 2024 година и 31 декември 2025 година, политиката за ослободување од визи ќе се применува за обичните носители на пасоши и од Бугарија, Романија, Хрватска, Црна Гора, Малта, Естонија, Летонија и Јапонија, соопшти на прес-конференција во Пекинг портпаролот на МНР на НР Кина, Лин Џијан.
Покрај тоа, Кина ќе го продолжи и периодот на безвизен престој од сегашните 15 на 30 дена, пренесе државната телевизија CCTV.
Почнувајќи од 30 ноември 2024 година, имателите на обични пасоши од 38 земји, вклучувајќи ги и дополнително додадените девет земји, ќе можат без виза да влезат во Кина за бизнис, туризам, посета на роднини и пријатели, размена на посети и транзит, не подолго од 30 дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонските државјани во Кина ќе патуваат без…
Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти…
Односите меѓу САД и Кина остануваат стабилни,…
Американскиот претседател Џозеф Бајден и кинескиот претседател…
Меџити пред првиот меѓувладин состанок со Владата на…
Два дена пред меѓувладината средба помеѓу Македонија…
Републиканец поднесе закон за прекин на нормалните…
Републиканецот Џон Муленер, кој се залага за…
Трамп: Ќе ги разделам Русија и Кина,…
Американскиот претседателски кандидат од Републиканската партија Доналд…