Македонските кадети ја совладаа Данска на ЕП во кошарка

t

Македонската машка кадетска кошаркарска репрезентација ја совлада вечерва Данска со 70-67 (29-27) и со победа го почна разигрувањето за пласман од 9 до 16 место на Европското првенство Б дивизија кое се одржува во Скопје.

Македонските кошаркари влегов во четвртата четвртина со предност од највисоки плус 16, но Данска постепено ја намалуваше негатива и го донесе натпреварот во неизвесна завршница.

Сепак, избраниците на селекторот Александар Јованчев успеаја да ја сочуваат предноста и ја запишаа четвртата победа во петтиот натпревар на ЕП.

Најефикасни во македонските редови беа Цветковски со 15 и Сребров со 14 поени, додека Терзиевски и Данев постигнаа по 12 кошеви.

Следен противник на македонската репрезентација ќе биде победникот од дуелот меѓу Португалија и Исланд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонските кадети ја совладаа Данска на ЕП…

Македонската машка кадетска кошаркарска репрезентација ја совлада…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…