Македонски државјанин баран со меѓународна потерница уапсен на аеродромот во Тирана

Македонскиот државјанин В.Е.(32) од Струга е уапсен на меѓународниот аеродром во Тирана, врз основа на меѓународна потерница.
Уапсен бил пред летот за Базел, Швајцарија од аеродромската полиција, како резултат на размена на информации меѓу Интерпол Тирана и Интерпол Скопје.
– Се смета за водич на криминална нарко-група од Струга. При полициска акција на 24 ноември 2023 година на подрачјето на општина Струга од 22 лица кои биле дел од нарко групата, 19 се уапсени, а три лица, меѓу нив и В.Е. избегале. Тој пред полициската акција бил информиран и успеал да побегне, наведува abcnews.al.
Одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена, со цел да биде екстрадиран во Северна Македонија, за што правосудните органи во Албанија ќе го чекаат барањето од македонските власти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПОЛА МИЛИЈАРДА ВО ЏЕБ НА ЕДНА ФИРМА!…
34 милиони и 220 илјади денари ќе…
Татко и син се тепале со сосед…
Половина час по полноќ синоќа, во полиција…
Албанска влада: Преку тунелот Муриз од Дебар…
Албанската влада најави дека тунелот Муриз, кој…
(Видео) Општина Аеродром го скрати спонзорството за…
Општина Аеродром е во толку лоша финансиска…
По апсењето на градоначалникот на Тирана, опозицијата…
По апсењето на градоначалникот на Тирана, Ерион…