Објавено на:

Македонски државјанин и двајца Бугари загинаа откако автомобил управуван од 19-годишник удрил во угостителски објект

t

Тројца луѓе ги загубија животите ноќеска во Разград, североисточна Бугарија, кога автомобил управуван од 19-годишник удрил во масите пред угостителски објект на улицата „Грнчарска“, јави бугарската Нова ТВ.

Младиот возач загубил контрола над возилото, што било кобно за тројцата загинати, на возраст од 64, 52 и 68 години. Несреќата се случила во 1.36 часот ноќва. Македонскиот државјанин, чија возраст не е прецизирана, имал постојан престој во Бугарија.

Загинатите седеле на маса на аголот на летната тераса, а возилото удрило директно во нив. Според првичните сознанија, тој веројатно претекнувал друго возило, при што едното тркало навлегло во локва со дождовница, по што загубил контрола и удрил во масата со тројцата загинати.

„Жртвите се нашле во сендвич помеѓу неговиот и друг паркиран автомобил“, објасни за Бугарско национално радио Окружниот обвинител на Разград.

Првичните тестови за алкохол и дрога кај 19-годишниот возач не покажале присуство на супстанци, но земени се примероци од крвта за дополнителни анализи. Тинејџерот имал возачка дозвола отприлика една година, а автомобилот бил сопственост на татко му.

За возачот е првично изречен притвор од 24 часа, којшто потоа бил продолжен на 72 часа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски државјанин и двајца Бугари загинаа откако…

Тројца луѓе ги загубија животите ноќеска во…

Бугарското МНР им се пожали на странските…

Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг…

Радев му го честиташе на Трамп денот…

„Верувам дека сојузничките односи меѓу Бугарија и…

Во Бугарија голема истрага за незаконско издавање…

Градското обвинителство во Софија вчера почнало истрага…

Радев со критики кон бугарската Влада: Кој…

Како одговор на прашање за писмото што…