Македонски државјани се приклучиле на терористичката ИСИС, познати нивните идентитети – детали од акцијата!
Во рамки на глобалната борба против тероризмот, МВР односно Бирото за јавна безбедност- Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам во координирана акција со Агенцијата за национална безбедност и Република Франција, која постапи по меѓународна потерница издадена од нашата држава, реализираше случај, при што од слобода се лишени три лица македонски државјани, кои во текот на 2014 година на територија на Сирија се приклучиле во вооружените формации на терористичката организација Исламска држава ИСИС и како борци активно учествувале во воените дејствија.
Во изминатиот период, лицата О.С (28), Р.С.(33) и М.Г (26), беа предмет на интерес на безбедносните служби и во меѓународна соработка на МВР и АНБ со други партнерски безбедносни служби, активностите резултираа со истовремена синхронизирана полициска акција спроведена на територија на Република Македонија и Франција, при што се лишени од слобода две лица во нашата држава и едно лице во Франција, а сите се државјани на Република Македонија.
Постапувајќи по Наредби за претреси во дом и други простории издадени од Судија за претходна постапка, денеска, во утринските часови, од страна на МВР беа извршени претреси на две локации во Скопје кај О.С и Р.С, каде се пронајдени и одземени огнено оружје, муниција, мобилни телефони и други електронски уреди кои можат да содржат дополнителни докази за извршеното кривично дело.
Согласно обезбедените докази, Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска (12.05.2023) поднесе кривична пријава против наведените лица за сторено кривично дело „служба во непријателска војска“ предвидено во член 322 од Кривичен законик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…
Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…
Државата беше побавна затоа што мора да…
Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…
Земјотрес во Македонија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…