Македонски концепт бара Муцунски да го раскине Договорот со Бугарија
Националниот Комитет на политичката партија Македонски Концепт, тргнувајќи од интересите на македонската Кауза, донесе одлука да достави иницијатива до министерот Тимчо Муцунски, Министерство за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија, за констатирање на услови за раскинат билатерален Договор од страна на Република Бугарија.
-Согласно Став 13, Член 3 од договорот, Република Бугарија преку донесување на Рамковна позиција во Собранието, спротивна на Договорот и нејзино доставување преку Меморандум (писмено известување) до Македонија и сите земји членки на ЕУ, на 17.09.2020 година, формално правно го раскинала Договорот со Република Македонија, наведуваат од Македонски Концепт.
Од партијата ценат дека Договорот наместо пријателство, создаде непријателство, наместо унапредување, ги уназади македонско – бугарските односи.
-Од таа причина, бараме да прекине работата на “Историската комисија”, да прекине важноста на скандалозните Протоколи на Никола Димитров и Бујар Османи, да прекине важноста на Преговарачката рамка со ЕУ и е потребно да се изготви нова и да престанат непријателството, лошо соседството и несоработката помеѓу двете земји и да отвориме ново историско поглавје на обновено пријателство.
Политичката партија Македонски Концепт стои цврсто до ова решение, кое единствено би дало можност за Нова Иднина во пријателските односи помеѓу Република Македонија и Република Бугарија и реална интеграција во Европската Унија, стои во партсиското соопштение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…
Драма на небото над Бугарија: Авион на…
Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…
Во Бугарија паралелно се одржува и „Софија…
Овогодинешниот „Софија Прајд“, организиран во поддршка на…
УЖАС во Бугарија: 773 возрасни лица починале…
Општина Маглиж, Бугарија, откри застрашувачки податоци за…
Македонските и бугарските историчари повторно не се…
Предлог-препораки за македонските учебници за седмо одделение,…