“Македонски манифест” со барање до Коцарев и академиците: МАНУ да се изјасни за антимакедонските активности на Драги Ѓоргиев во Софија!

t

Здружението Македонски манифест испрати отворено писмо до претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев и останатите академици со барање за нивно јавно изјаснување:

КАКОВ Е ТОА АКАДЕМИК НАУЧНИК КОЈ ГО ДЕВАЛВИРА И РАСПРОДАВА
ВО СОФИЈА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ?

Во продолжение го пренесуваме отвореното писмо во целост:

– Почитуван претседателе на МАНУ, господине Коцарев, и другите членови на оваа институција, самиот наслов на нашето обраќање до Вас во прашална форма ја сугерира неговата суштина: „Каков е тоа академик научник кој го девалвира и распродава во Софија македонскиот идентитет?“

Дали му доликува на еден академик од врвната научна институција, како претседател на меѓувладината историска комисија да истапува во Софија како квазинаучник и без некои основни познавања на историските факти со чудесна леснотија, заедно и со другите членови на комисијата на истото интелектуално, морално и етичко ниво да го распродава, бугаризирајќи го под диктат на дневната политика на нашата квислингшка влада македонскиот идентитет. Тоа е страшно.

Ние од Манифестот знаеме дека и пред тоа МАНУ не се држела многу доблесно во однос на прашањето по идентитетот, ако се има предвид геноцидната промена на името со Преспанскиот договор. Дури од МАНУ беше удостоен да гостува во неговата институција и најголемиот досега познат македоноубиец Зоран Заев.

Затоа, имено, и обичниот простосрдечен народ кој има, за разлика од интелектуалците, здрав идентитетски инстикт се разочара од Академијата и академците. Сега е време да се поправи тој впечаток, кој сега повторно страшно го нарушува академик Драги Ѓорѓиев, Македонски манифест, а и народот бара МАНУ отворено да се изјасни за антимакедонските активности во Софија, кои се срамно квазиисториски, политикантски и немаат сериозна врска со науката, што е по дефиниција срам за еден академик, а индиректно и за институцијата што го прибрала во нејзините редови него.

МАНУ е должна да се изјасни за сѐ ова и да ја извести јавноста за своите размисли и заклучоци за една таква бласфемија, која веќе сега има катастрофални последици за и така веќе, со Преспанскиот договор пред тоа, смртно ранет македонски идентитет, а по заслуга од македонските квислингшки влади и нивните „интелектуални“ слуги каков што е сега и квазиисторичарот Драги Ѓорѓиев и другите членови во неговата квазинаучна тајфа.

ЛИНК од објавата на Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се огласи Академик Абази: МАНУ е една…

Имаме една Академија за сите, порачува академик…

ДОМ: Формирање на Албанска Академија на науките…

Ставот на ДОМ е дека  иницијативата на…

Палевски на распит во обвинителството

Љупчо Палевски-Палчо во моментов е на распит…

(Видео) Таравари: Доколку МАНУ не внесе Албанци…

МАНУ е друштво во коешто примаат само…

Почина академик Јордан Поп-Јорданов

На 98-годишна возраст вчера почина академик Јордан…