Македонски национални светилници(1.) Разловечко востание Дедо Иљо Малешевски(1805 – 1898) и Димитар Поп Георгиев – Беровски(1840 – 1907)

t

Денес почнувам со нов серијал. Го нареков “Македонски национални светилници“. Во серијалот ќе се бавам со Разловечкото востание(1876г.), Македонското востание(1878г.) и со македонските револуционери, апостоли и војводи кои ги иницирале, организирале и дигнале овие востанија во 70-тите години од 19-от век, а секако ќе ги претставам и анализирам симболите и актите на овие востанија.

Збор-два за Дедо Иљо Малешевски, крстен како Илија Марков, познат е и како Иљо Војвода.
Познат ајдутин, храбар војвода и голем македонски револуционер.
Како водач на ајдудтска чета дејствува во Малешевијата, на Пирин и на Рила.
Со своја чета учествувал во Кримската војна(1853 – 1856).
Учесник е и во Белградската буна(1862), во Српско – Турската и во Руско – Турската војна(1876 – 878).
На 80 годишна возраст учествува и во Српско – Бугарската војна во 1885г.
Сепак, најзначајна негова револуционерна дејност е иницирањето, организирањето и изведувањето на Разловечкото востание(1876г.) и Македонското востание(1878/9г.)
Бил познат како голем борец и бескомпромисен храбар ајдутин кој со своите соборци ги растурал турските разбојнички чети. Имал постојана чета од 15-20 борци, сив барјак, бајрактар(Стојмен), и личен печат со текст “Капитан Иљо Марков“.

Да го претставам и Димитар Поп Георгиев – Беровски. Познат и голем македонски револуционер и просветен деец, родум од Берово. Познат е како иницијатор и организатор на Разловечкото востание(мај 1876г.) и Македонското кресненско востание(17 октомври 1878г.). Школуван и образовен Македонец, кој се школувал на Духовната семенарија во одеса(1858 – 1861г.), а подоцна, во Белград се здобил и со воено образование.

Против Турците се бори како член на српската востаничка војска, во 1862г. кога Белград е бомбардиран. Кога се вратил во Берово, работел како учител и зема активно учество во борбата против Цариградската патријаршија. Прогонуван е од грчкиот владика и оди во Солун, каде во 1975г. го создава Тајниот револуционерен комитет, а следната година, заедно со поп Стојан од село Разловци, најпрвин прави заговоренички круг, а потоа припрема дигање на востание, што и се случило истата година во мај, кога е дигнато познатото Разловечко востание(1876г.)
Подоцна Беровски се вклучува во одредот на Дедо Иљо Малешевски и ќе учествува во Руско-Турската војна(1877-78).
Активно учествува и во Македонското востание(1878г.), како началник на востаничкиот штаб.
Учесник е и во Српско – Бугарската војна(1885г.).
Од 1895г. е во редовите на Македонската револуционерна организација и е близок соработник на Гоце Делчев.

Ајде сега да се потсетиме: Годинава изминуваат 146 години од дигањето на Разловечкото востание(1976г.) и 144 години од Македонското кресненско востание(1878г.). Денес накратко за Разловечкото востание.
Разловечкото востание, било свесно подготвувана и планирана подолго време револуционерна акција на македонскиот народ од Малешевијата и пошироко во Источна Македонија. Негови организатори, покрај Димитар Поп Георгиев – Беровски и Дедо Иљо Малешевски, се и поп Стојан Разловски(од с.Разловци, Пијанечко), Костадин Иљов Карчевски, с.Берово, Малешевско) и други нивни соработници.

Треба да знаеме дека Пијанечкиот и малешевскиот крај одамна биле познати по својата слободољубивост и бунтовност. По нивните планини и села се движеле четите на Дедо Иљо малешевски, Румена војвода, Војводата Цоне Дончев и др. Во 50-тие и 60-тите години од 19-от век. Не постоела малешевска куќа што не пратиле свој домаќин, син или брат, по малешевските планини, Голак, Пирин, Плачковица, Осогово, Рила. Не случајно кога во 70-тите години од 19-от век, кога се засилиле револуционерните движења на Балканот, овде, во Малешевијата и Пијанец, тоа прераснало во општонародно востание.

Факт е дека ова востание просторно ограничено(регионално), а временски е краткотрајно, бидејќи плановите биле да се востане само територијата на Источна Македонија – избувнало во Пијанечкиот крај, и требало да се прошири во Малешевијата, па кон Струмичко, Радовишко, Мелничко до реката Струма, Штипско, Кочанско и до Петричко и Мелничко до реката Струма. Тој процес започнал, но бил прекинат, поради, недоволно востанат број на востаници и доаѓање и концентрација на голем број турски аскер и башибозук на наведената територија.
Но, политичкиот момент и социјалниот карактер на востанието биле успешни. Политичкиот се гледа во целите на востанието и стремеж кон национална слобода и кон политичко(државно) обликување на таа слобода. Социјалниот карактер го изразувал големото незадоволство на македонското население и неговата борба против социјалната и економската онеправданост од страна на Османлискиот режим и во целта таа да се укине.
Востанието е водено за општомакедонски цели и под црвено востаничко знаме. На црвеното знаме имало жолто поле во кое бил извезен црвен лав Знамето имало натпис “Македонија“ и “на 8 мај 1877“. На него биле прикачени две ленти: На едната испишано “Станете“, а на другата “Да ви освобода“.

Сепак, фактите дека на почетокот турските војници и населението од тој крај биле разоружани и раскажувањата за храбрите акции на востаниците на чело со војводите Дедо Иљо Малешевски и Димитар Поп Георгиев – Беровски, зборуваат дека ова востание е значаен чекор напред во вклучувањето на македонскиот народ во следните револуционерните и народно-ослободителните движења во Македонија, за време на Источната криза и подоцна.
Повеќе од јасно е дека Разловечкото востание е настан со чист македонски карактер.
Тоа е подигнато од внатрешни причини(економска и социјална потчинетост на македонскиот народ). Изведено е со внатрешни сили, македонски револуционери и тајни кружоци(Разловци, Берово, Солун). Тоа нема никаква врска со Априлското востание во Бугарија.

Разловечкото востание го означува почетокот на социјално-политичкото движење во Македонија.
Ослободителниот, социјалниот и националниот карактер на востанието произлегува од поставените цели, средствата за нивно остварување и симболите под кои се водело.

Сотир Костов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бундесверот се подготвува да евакуира германски граѓани…

За таа цел во воздухопловната база во…

Во хотел во Битола пронајден починат маж

На 04.08.2024 во 12.47 часот во СВР…

Исчезнато е возрасно лице од Прилеп –…

За кратко време исчезнато уште едно возрасно…

Британија ќе формира специјална полициска единица за…

Британската влада ќе формира специјална полициска единица…

Три активни пожари низ Македонија

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…