Македонски репрезентативец со два гола го шокира големиот Фенербахче
Македонскиот репрезентативец Валон Етеми продолжи да игра во одлична форма за Истанбулспор, откако вечерва постигна два гола во ремито против Фенербахче (3-3) на Езгјан Алиоски.
Фенербахче поведе со 2-0 со головите на Гулер, по што Етеми од пенал во 57. минута намали на 1-2, а неколку минути подоцна стрелаше за 2-2.
Жоао Педро во 71. минута ги врати домаќините во водство (3-2), но Истанбулспор преку Езе во 96. минута се избори за реми.
Фенербахче има 64 бода на втората позиција во турската Суперлига, додека Истанбулспор со 29 бодови е на 15. место.
Етеми оваа сезона постигна 12 голови и четири асистенции за Истанбулспор и се наоѓа на шестото место на листата со стрелци во првенството.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Би-би-си“: Новата шефица на МИ6 е внука…
МИ6 денес се обиде да ја дистанцира…
Физички напад меѓу вработени во Комплексот клиники…
Нова драма се случи во рамки на…
Трамп повторно би го бомбардирал Иран ако…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави…
Турчин приведен во моментот кога сакал да…
На 26.06.2025 во 17:40 часот на Граничниот…
По пожарот во Делчево: Малолетничка побарала помош…
Денеска (27.06.2025) во 00:19 часот во ОВР…