Македонското небо нема да биде затворено – Синдикатот го стави штрајкот во мирување

t

Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) го стави во мирување штрајкот што го најави за утре со целосно затворање на воздушниот сообраќај на македонското небо, откако Владата денеска му препорача на Надзорниот одбор во Македонска навигација М-НАВ да ги разреши претседателот на Управниот одбор на М-НАВ Фахрудин Хамиди и секторскиот извршен директор во М-НАВ Љубе Стаменковски, а на нивно место да бидат именувани Илир Мехмеди и Милан Кораќ.

„По одлуката на Владата го ставаме штрајкот во мирување. Ова е придвижување на работите. Ќе ја анализираме целата состојба и случувања и ако има позитивна реализација на препораката од Владата до надзорниот одбор ќе ја повлечеме одлуката за штрајк“, изјави Александар Тасевски, претседател на ССКЛ.

Претходно, од Владата за МИА информираа дека на денешната седница е дадена насока на Надзорниот одбор на Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловна навигација „М-НАВ“ А.Д. – Скопје да ги разреши Фахрудин Хамиди од должноста претседател на Управен одбор и извршен директор во СВН и Љубе Стаменковски од должноста член на УО и извршен директор во СВТ. Владата воедно му препорачала на Надзорниот одбор „М-НАВ“ за извршен директор во СВН да го именува Илир Мехмеди, а за извршен директор во СВТ да го именува Милан Кораќ.

Смените во раководството на М-НАВ, Владата ги најави по инцидентот што се случи на 4 месецов со упад во оваа институција и напад на вработени, а претходно ССКЛ реагираше за спроведувањето на последниот оглас за вработување во М-НАВ од страна на раководството.

Во М-НАВ од денеска проверки врши Управата за финансиска полиција.

За инцидентот на 4 јануари во М-НАВ, Основното јавно обвинителство Скопје, како што соопшти, отвори истражна постапка против осум лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај според член 303 став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Претходно ССКЛ побара директорите да си поднесат оставки или да бидат разрешени од Владата, која најави соопштение за денешните одлуки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

Обвинетите за хаосот во М-НАВ добија условни…

Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе пресуди…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…