Македонското чудо во Палермо меѓу осумте најголеми сензации во 2022 година!
Македонското чудо во Палермо на 24 март лани во мундијалскиот бараж, кога црвено-жолтите го елиминираа европскиот првак Италија на патот кон СП во Катар е едно од осумте најголеми сензации што се случија во светскиот фудбал во изминатата 2022 година.
Изборот на осумте најголеми сензации без пласман на посебно место од прва до осма позиција го направи италијанскиот портал „Л’Ултимо Уомо“.
Македонија ја елиминираше Италија со голот на Алекснадар Трајковски во 93-та минута со спектакуларен шут од преку 20 метри во моменти кога сите чекаа крај на регуларните 90 минути и продолженија. Победата во Палермо одекна силно во светот, а Италија како европски владетел вторпат по ред не успеа да игра на Мундијал, откако го пропушти и тој во Русија во 2018 година.
Меѓу осумте сензации кои се случија во изминатата 2022 година покрај „чудото во Палермо“, се и победата на Саудиска Арабија против Аргентина на стартот на СП во Катар (2-1), после кој „гаучосите“ дојдоа и до светската круна, како и мароканската победа на пенали против Шпанија во осминафиналето со 3-0 после 120 минути без голови.
Тука се и елиминацијата на Селта во минатиот јануари од Атлетико Балеарес (2-1) во воведната фаза од Копа дел Реј, како и елиминацијата на Њукасл од малиот Кембриџ (0-1) во ФА-Купот истиот месец и поразот на Тулуз од нисколигашот Версај во шеснаестинафиналето на Купот на Франција (0-1).
Останатите две сензации се дебаклот на Англија како европски вицепрвак од Унгарија на домашен терен до 0-4 во Лигата на нации во јуни и априлската сензација во ЛШ кога Вилјареал со 1-1 во Минхен го елиминира Баерн од трката за европскиот трон во четвртфиналето.
Извор: Спорт1.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија претпоследна во Европа по минимална плата
Според најновите податоци на Евростат, Македонија е…
Филков: Максим Димитриевски кандидат во Куманово, ЗНАМ…
Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор…
Нема веќе “Никогаш Северна”: Седум години од…
На денешен ден, 17 јуни, пред точно…
СТАНАРИ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ БАРААТ ПОМОШ ОД…
Две години жителите во зграда на булевар…
Дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денес ќе се…
Денес на дневен ред на Постојаната анкетна…