Македонското чудо од дете Македон Димитровски e првиот талент поддржан во општествено одговорната кампања на АСОМ

t

Осумгодишниот генијалец Македон Димитровски често нарекуван и „македонското чудо од дете“ е првиот талент кој доби поддршка во рамки на кампањата „Вложуваме во млади таленти“ иницирана од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ).

Македон, е ученик во трето одделение од Тетово, кој на Македонија ѝ донесе два златни медали по математика во конкуренција со 4.000 учесници од целиот свет, а во рамки на кампањата „Вложуваме во млади таленти“ доби финансиска поддршка со цел да се обезбедат подобри услови за неговиот талент да расне и се развива.

„Преку кампањата ‘Вложуваме во млади таленти’ на малиот талентиран Македон му овозможивме финансиска поддршка за развој на неговиот талент, конкретно за набавка на современа техничка опрема, односно компјутер со напредни перформанси. Во рамки на кампањата за него ќе бидат обезбедени и дополнителни финансиски средства за надградба на неговото богато знаење, како и средства за учества на натпревари. Наше големо задоволство е да инвестираме во младите талентирани лица и со тоа да придонесеме за напредок на заедницата“, изјави Васко Илијевски, претседател на АСОМ.

Македон заедно со неговите родители претходно беше на средба со претседателот Пендаровски. Некое време после дредбата со Пендаровски и сите пофалби од македонските власти, таткото на Македон на Фејсбук напиша дека малиот генијалец не добил никаква поддршка од државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗЛАТНО ДЕТЕ! Македон повторно се закити со…

Учествува на семинари за македонски јазик и…

(Видео) Светот слушна за генијалецот Македон ама…

Сегашниот македонски наставен систем нема соодветни програми…