Македонско село е четвртден отсечено од цивилизација: Се пробиваат последните 8 километри од патот
Жителите на планинското село Герман во Ранковце четврти ден се без пристап до општината откако вечерта на 1-ви месецов наврна многу снег. Висината на снежната покривка изнесува околу седумдесет сантиметри.
Надлежните од Јавното претпријатие Македонија пат информираат дека во текот на вчерашниот ден расчистено е до село П’клиште, а од раните утрински часови специјално возило е повторно на терен и се очекува, согласно временските услови, патот денеска конечно да биде пробиен.
-Станува збор за специфична конфигурација на теренот, деновиве интензивно, и по десетина часа се работеше активно за расчистување на овој регионален пат, но соспите што ги навева силниот ветер наместа надминуваат и метар и половина, така што нашите вработени прават натчовечки напори за пробивање на патот и очекуваме, ако времето ни биде наклонето, патот да се расчисти. Години наназад наидуваме на ист проблем и свесни сме дека не можеме ништо против природата, така што, правиме се што е во наша моќ и работиме согласно состојбата на теренот, информираат од ЈП Македонија пат.
Жителите информираат дека имаат потреба од набавка на лекови и намирници. Петнаесетте деца кои учат во основно училиште „Христијан Тодоровски – Карпош”, три дена следеа онлајн настава.
-Во согласност со временските услови се прилагодивме и наставниот процес изминатите три дена за петнаесетте ученици од селото Герман се одвива онлајн. Тие се активно вклучени во наставата, со доделување наставни содржини, а дополнително, ќе се координираме и физички да се одржат часовите, изјави директорката на училиштето Христина Младеновска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Снегот предизвика колапс во БиХ: Луѓето заглавени…
Снег врне во поголем дел од Босна…
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…
Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…
Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…
Најстудено утрово на Попова Шапка, во Скопје…
Утрово во речиси цела Македонија имаше минусни…
Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во…
Најниска темпратура утрово од -2 степена е…