Македонците во Бугарија повторно заборавени: Реципроцитет за се, освен за нивните права – имало ограничување во бугарскиот Устав

t

Во билатералниот протокол со Бугарија, се поставува реципроцитет во сите делови, освен во делот за правата на Бугарите во Македонија, за кој не постои паралела со права на Македонци во Бугарија поради ограничувањата на бугарскиот Устав, брифираат од МНР.

Содржина на протоколот утре ќе биде финализирана и потпишана од министрите Бујар Османи и Теодора Генчовска, како записник од меѓувладина конференција која ќе се одржи во Софија. Делот со реципроцитет за обврски за двете држави го опфаќа и делот околу борбата против говорот на омраза.

Предвидено е и заедничко чествување на историски ликови и настани, како и промена на учебници, но за сите такви промени ќе одлучува мешовитата историска комисија, и притоа за промените ќе треба да се согласат сите седуммина нејзини членови. За работата на историската комисија не се поставени рокови, туку има само охрабрување научниците што побрзо да ја завршат работата за средновековниот период.

За Самуиловото царство ќе се користи формулацијата која веќе е договорена од историчарите во комисијата. Уставните измени се содржани во предлог-протоколот со формулација „припадници на други народи, како што е бугарскиот народ“.

Обврската за менување на Уставот преку оваа дефиниција останува услов за првата меѓувладина конференција пред отворање на поглавјата од пристапните преговори.

Текстот на протоколот ќе биде објавен утре, по потпишувањето, бидејќи Османи и Генчовска имале таков „џентлменски договор“

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Бугарија паралелно се одржува и „Софија…

Овогодинешниот „Софија Прајд“, организиран во поддршка на…

УЖАС во Бугарија: 773 возрасни лица починале…

Општина Маглиж, Бугарија, откри застрашувачки податоци за…

Македонските и бугарските историчари повторно не се…

Предлог-препораки за македонските учебници за седмо одделение,…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Ангел Димитров: Нема напредок во работата на…

Денес во Министерството за надворешни работи на…