Македонците ги очекува ценовен шок: Цените на пченицата највисоки во изминатите 15 години, еве што се се очекува да поскапи!

t

Maкедонските семејства се соочуваат со уште повисоки сметки за храна бидејќи војната во Украина ги зголемува цените на пченицата.

Цените на пченицата се зголемија за 5%, и достигнаа 14-годишен максимум од 974 долари поради заканите од прекини во снабдувањето.

Украина и Русија сочинуваат една третина од светскиот извоз на пченица, што значи дека цените во голема мера зависат од понудата од двете земји.

Владата уште на почетокот на декември донесе одлука да ги замрзне цените на основните прехранбени производи, а листата потоа беше и проширена со нови производи.

За највисоки се сметаа цените кои биле на први декември 2021 година, во трговијата на големо и мало.

Во наредните денови се очекува лебот да биде и до пет денари поскап. Путерот и кашкавалот ќе го следат, а позабележителни поскапувања ќе имаат и овошјето и зеленчукот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија: САД да не се мешаат во…

Русија ги предупредува САД да не се…

На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ се…

На граничниот премин Табановце за влез во…

„Дали мојот татко заслужува хоспитализација од македонското…

„Државата ме остави без да го хоспитализира…

Мојсоска: Мицкоски велеше дека ќе поднесе оставка…

*Мојсоска: Надзорна расправа ќе има - ниту…

(Видео) Дали парите за рекет од Пулс…

Почитувани граѓани, почитувани медиуми, Поминаа 24 часа…