Македонците на Малта се екипираат, вечерва се најавени преку 500 навивачи

t

Огромната заедница на Македонци во Малта се организира за да ја обои трибината на националниот стадион „Та Али“ во Ла Валета. Се предвидува дека „Фалангата“ вечерва нема да биде инфериорна на фановите на репрезентацијата на Малта.

Билети има и може да се купат и на денот на натпреварот, па, како на ниту едно друго гостување, нашата селекција ќе има громогласна поддршка. Кога игравме во Лихтенштајн и соседните земји нашата поддршка беше огромна, а вечер веројатно ќе биде срушен уште еден рекорд.

Македонија во март ја совлада Малта на домашен терен со 2-1, што и денес е единствената победа за нашиот национален тим во овие квалификации.

Дуелот вечерва започнува од 20 часот и 45 минути.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Би-би-си“: Новата шефица на МИ6 е внука…

МИ6 денес се обиде да ја дистанцира…

Трамп повторно би го бомбардирал Иран ако…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави…

Турчин приведен во моментот кога сакал да…

На 26.06.2025 во 17:40 часот на Граничниот…

По пожарот во Делчево: Малолетничка побарала помош…

Денеска (27.06.2025) во 00:19 часот во ОВР…