Македонците оставаат милиони евра во Фри-шоповите кај соседите, најмногу за цигари, парфеми и пијалаци
Македонските фри-шопови на патните гранични премини остануваат затворени, а државата строго ги почитува европските правила што дозволуваат вакви продавници само на морските пристаништа и авиопристаништата. Од друга страна, државата губи десетици милиони евра, кои нашите граѓани ги трошат при излезот од соседна Грција, купувајќи цигари, парфеми, алкохолни пијалаци, чоколади.
„Слободен печат“ не доби одговор ниту од Владата ниту од Царинската управа, дали во догледно време се планира повторно отворање на овие продавници на копнените граници? До јануари 2017 година, правото на ЕУ им дозволуваше на земјите членки да имаат фри-шопови надвор од аеродромите или од пристаништата. Од ЕК во февруари годинава, повторно потсетија дека „иако тоа повеќе не е дозволено според законодавството на ЕУ, Грција продолжува да одржува бесцарински продавници на нејзините копнени граници со земјите кои не се членки на ЕУ“.
И откако оцени дека одговорот на Грција на претходното официјално известување е незадоволителен, Комисијата го ескалира случајот со образложено мислење во средата. Грција сега има два месеци да се усогласи или да ризикува упатување до Судот на правдата на Европската Унија.
Македонија ги затвори бесцаринските продавници во далечната 1997 година, а според официјалното објаснување, тоа било поради притисоците од ЕУ за нивно затворање. Неофицијално се зборуваше дека причината е сивата економија и големиот шверц на цигари и друга акцизна стока.
Тогашната влада на премиерот Бранко Црвенковски, донесе решение за нивно затворање, уште повеќе што беа усвоени меѓународни регулативи со кои бесцарински продавници се укинуваат на граничните премини, а остануваат само на аеродромите и на пристаништата. Но, не само нашите соседи, туку и многу други држави им го продолжи животот на фри-шоповите како класични продавници.
За потсетување, пред 13 години, односно во 2012 година, се појавија шпекулации дека станува збор на проектот на отворање гранични продавници што ќе бидат класични продажни објекти, но немаше официјална потврда од ниедна државна институција. Неофицијално се планирало тие да бидат класични продавници, бидејќи бесцарински фри-шопови се дозволени само на аеродромите и на пристаништата, а поводот за тоа бил континуираниот одлив на средства што македонските граѓани ги оставаа во граничните продавници на соседните држави.
Лани над 1,1 милиони наши граѓани ја посетиле Грција, а илјадници патници транзитираат низ земјава. Од друга страна, преку граничните премини Богородица и Евзони годишно транзитираат од 5 до 6 милиони патници. Ако се претпостави дека просечно сите оставиле по најмалку 10 евра на странските фри-шопови, излегува дека Македонија губи стотици милиони евра годишно.
Европската комисија во февруари годинава издаде образложено мислење до Грција поради непочитување на Директивата (ЕУ) 2020/262 на Советот за прописите за акцизи.
Грција ги ослободува од акциза стоките што им се продаваат на патниците во продавниците за ослободување од данок лоцирани на нејзините копнени граници со Албанија, Македонија и Турција. До јануари 2017 година, правото на ЕУ им дозволуваше на земјите членки да имаат фри-шопови надвор од аеродромите или од пристаништата.
– Иако тоа повеќе не е дозволено според законодавството на ЕУ, Грција продолжува да одржува бесцарински продавници на нејзините копнени граници со земјите што не се членки на ЕУ“, рече Комисијата.
Извор: Слободен Печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонците оставаат милиони евра во Фри-шоповите кај…
Македонските фри-шопови на патните гранични премини остануваат…
(Фото) Еколошка катастрофа во Националниот Парк Маврово:…
Почитувани тресончани, Утрово 02.08.2025 се разбудивме со…
Душко Чифлиганец се бори за живот по…
Познатиот македонски претприемач и љубител на мотоциклизмот…
Жена на 76 години за првпат стана…
Ембајте Медин Хагос од Мекеле (Етиопија) стана…
Раста уште е во полициска станица во…
Стефан Ѓуриќ Раста кој беше уапсен синоќа,…