Македонците се почесто одат на одмор во Албанија! Околу 30 илјади патници минале на ГП „Ќафасан“ во последните три дена
На граничните премини на македонско-албанската граница, посебно на преминот „Ќафасан“ кај Струга, продолжува големиот проток на патници и возила.
– Во текот на изминатите три дена, околу 30 илјади патници и над 11 илјади возила влегле и излегле преку овој граничен премин. Поголемиот дел од патниците се странски државјани кои го избираат албанскиот брег за своите летни одмори, објавија албански медиуми.
За да се справат со овој проток, граничните власти ставиле во функција четири шалтери за граѓани и еден шалтер наменет за тешки товарни возила.
Зголемена фреквенција се бележи и на граничниот премин „Блато“, кај Дебар, што, по изградбата на автопатот „Патот на Арбр“ (Руга е Арбрит) сè помасовно се користи, поради намалената оддалеченост, на само 70 километри, од преминот до Тирана.
На овој премин, според македонското МВР, во првите шест месеци од годинава, забележана е историски рекордна фреквенција, односно минале 574.737 патници што е за 55 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година, кога биле регистрирани 370.827 патници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонците се почесто одат на одмор во…
На граничните премини на македонско-албанската граница, посебно…
Затвореник од „Идризово“ почина на Клиничкиот центар…
Затвореник од затворот „Идризово“ рано утрово е…
САД и Русија разменуваат нуклеарни закани –…
Наспроти заканите, воените потези и неуспешните дипломатски…
Спасени две лица од пожарот на планината…
Во изминатите неколку дена полициските службеници од…
Али Ахмети: Во 1903 Албанците и Македоницте…
“На 2 август 1903 година, Албанците, Македонците…