Македонците јадат најскапо месо во регионот

t

Под лупа ги ставивме цените на лебот, јунешкото месо, млекото, сирењето, и сончогледовото масло за јадење, пишува Порталот „Пари“.

Споредбата на цените покажува дека во ништо не сме најевтини, но затоа, заедно со Словенија, имаме најскапо јунешко месо во однос на сите анализирани земји.

Цените покажуваат дека најевтино млеко може да се најде во хрватските онлајн маркети. Македонија има слични цени на млекото со Босна и Херцеговина и со Србија, околу 1,2 евра за литар, со масленост 3,2 проценти.

И цената на сирењето е најниска во Хрватска, а највисока е во Словенија, каде и цената на млекото е најскапа. Цената на кравјо сирење е иста во Македонија, во Србија и во Босна и Херцеговина. Споредбата на сличен тип на сирење покажа дека кај сите три земји еден килограм чини 6,5 евра.

Во Црна Гора има и најевтино масло за јадење, од само 1,1 евро, а кај нас и во Босна и Херцеговина чини 1,9 евра

извор: Порталот „Пари“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…