Објавено на:

Макрон: Знам што ви должам – Многумина не гласаа за мене туку против екстремизмот

t

Францускиот претседател Емануел Макрон, кој вчера победи во вториот круг од претседателските избори, рече дека знае што им должи на гласачите кои гласаа за него, ветувајќи методи за обновување за нов петгодишен мандат.

„По пет години трансформација, среќни и тешки моменти исто така, извонредни кризи, денес повеќето од вас одлучија повторно да ми веруваат во следните пет години. Знам што ви должам“, рече Макрон во говорот во близина на Ајфеловата кула во Париз.

Макрон, кој го освои својот втор последователен мандат вети „методи за обновување“ и додаде дека неговите први чекори нема да бидат исти како пред пет години.

Претседателот на Франција им се обрати и на гласачите кои не гласаа за него, туку против лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен, која како и пред пет години беше поразена и во вториот круг од претседателските избори.

„Знам дека многу луѓе кои гласаа за мене, не за да ги поддржат моите идеи, туку за да ги блокираат идеите на екстремната десница. Сакам да им се заблагодарам. Ова гласање ме обврзува за годините што доаѓаат“, рече Макрон.

Според излезните анкети, центристот Макрон освоил меѓу 57,6 и 58,2 отсто од гласовите, а Ле Пен меѓу 41,8 и 42,4 отсто од гласовите. Официјалните резултати ќе бидат објавени в среда. Свеченоста на инаугурацијата на новиот претседател треба да се случи најдоцна до 13 мај.

Центристот Макрон за прв пат беше избран за претседател во 2017 година на 39-годишна возраст и стана најмладиот шеф на државата што ги размрда традиционалните партии, левите и десните, кои се менуваа на власт.

Во меѓувреме францускиот претседател посочи накратко и за главните „приоритетните проекти”  кои ќе следат по неговиот реизбор. Меѓу нив се најдоа борбата за подигање на куповна моќ на Французите, која беше една од темите на оваа кампања понатаму, пензиските реформи, образованието, здравството но и надворешната политика.

Старо новиот шеф на Франција во однос на дипломатијата и надворешните работи има намера да ја продолжи традицијата на избраните претседатели со брзо патување во Берлин за да се сретне со германскиот канцелар Олаф Шолц.

Ваквиот чекор според медимите ја означува традиционалната пријателска врска меѓу Берлин и Париз низ годините, чекор кој двете највлијателни земји во ЕУ ја чинат со години без оглед кој е на власт во земјите.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон: Украина да не се радува премногу…

Францускиот претседател рече дека за време на…

Макрон е подготвен да го обнови дијалогот…

Доколку претседателот Путин има сериозни предлози и…

Макрон: Масовна копнена операција во Газа би…

Францускиот престедател Емануел Макрон изјави дека било…

Средба Макрон – Херцог во Ерусалим

Ние сме посветени да ги надминеме, и…

Макрон со свиткана опашка си заминува од…

По пучот во Нигер, воената хунта на…