Макрон и Шолц го убедувале Путин да ги ослободи Азовците и “заробеното” жито
Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц побараа денеска од рускиот Владимир Путин да ослободи 2.500 украински борци заробени во фабриката за челик Азовстал во Мариупол.
„Претседателот на Републиката и германскиот канцелар побараа ослободување на околу 2.500 бранители на Азовстал, воени заробеници од страна на руските сили”, соопшти француското претседателство по телефонскиот разговор меѓу тројцата лидери
Претседателот на Русија им објасни на Макрон и Шолц како се организира процесот на нормализација на животот во Мариупол и другите ослободени градови на Донбас, соопшти Кремљ.
Една од темите на разговор беше и прашањето за безбедноста на храната.
„Русија е подготвена да придонесе за изнаоѓање варијанти на извоз на жито без пречки, вклучително и извоз на украинско жито од пристаништата на Црното Море“, рече рускиот лидер.
Според него, вистинските тешкотии околу испораката на храна кои настанале поради погрешната политика на Западот
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Франција има нова влада по неколкунеделната политичка…
Претседателот Емануел Макрон именуваше нова влада предводена…
Илјадници протестираа низ Франција откако Макрон ги…
Илјадници демонстранти излегоа на улиците низ Франција,…
Францускиот претседател Макрон утре и задутре во…
Францускиот претседател Емануел Макрон утре и задутре…
ОЛАФ предупреди за шверц на цигари во…
Црна Гора е една од земјите вклучени…
Путин најави одговор за влезот на Финска…
Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…