Макрон и Шолц му пишале на Вучиќ: Да се забрза процесот на нормализација на осносите со Косово
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, прими заедничко писмо од претседателот на Република Франција, Емануел Макрон и од канцеларот на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц, во кое двајцата лидери иницираат забрзување на процесот за целосна нормализација на односите со Косово, јави дописникот на МИА од Белград.
Ви го испраќаме ова заедничко писмо во момент од клучно значење за безбедноста на европскиот континент и стабилноста во регионот на Западен Балкан. Убедени сме дека, во светлината на руската агресија врз Украина, мора да вложиме уште посилни напори, за европската перспектива на земјите од Западен Балкан да стане реалност,за да се решат долгорочните билатерални и регионални спорови. Целосната нормализација на односите меѓу Косово и Србија е од суштинско значење за Западен Балкан, се наведува во писмото на Макрон и Шолц до Вучиќ, соопштија од кабинетот на српскиот претседател.
Во писмото, тие му се обраќаат „како лидер на вашата земја, со цел да апелираме да покажете максимална решителност и подготвеност за носење тешки одлуки, кои водат до напредок во дијалогот меѓу Косово и Србија, под покровителство на ЕУ“.
Неодамнешните тензии покажаа дека итно се потребни конструктивни чекори напред, и на практично и на политичко ниво, порачаа Макрон и Шолц.
„Затоа, ги задолживме нашите советници за надворешна и безбедносна политика, Јенс Плетнер и Емануел Бон, да му дадат директна поддршка на Мирослав Лајчак во неговите напори. Предлагаме нашите советници, заедно со Мирослав Лајчак, да ги посетат Косово и Србија, со цел да ги истражат можностите за брзо придвижување на процесот, се наведува во во заедничкото писмо на Макрон и Шолц, во кое тие изразуваат „искрена надеж дека оваа иницијатива ќе наиде на вашиот интерес и поддршка“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУЛЕКС: Подготвени сме да реагираме во случај…
Мисијата на Европската унија за владеење на…
Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…
Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…
Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…
Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…
Рација на косовската полиција во филијалите на…
Косовската полиција изврши рација во филијалите на…
Нов протест на Србите во Косово утре
Жителите на српските средини во Косово утре…