Макрон: Кина им дава на децата едукативен „Тикток“, а на Европа заглупувачка верзија
Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна тврдеше дека Кина им нуди на своите деца пообразовна верзија на „Тикток“, додека верзијата достапна во Европа е дизајнирана да ги затапи младите умови. Тимот за проверка на факти на „Еуроњуз“ ја спореди содржината достапна во обете верзии на апликацијата за да ги потврди тврдењата, пишува „Еуроњуз“.
Зборувајќи со читателите на регионалниот дневен весник „Ла вуа ди Нор“ на 19 ноември, Макрон ги објасни наводните разлики меѓу кинеската и глобалната верзија на популарната апликација.
„Нивната верзија на „Тикток“, бидејќи е кинеска компанија, е ограничена на одреден број часови дневно, а содржината што им се прикажува на децата е целосно образовна“, рече францускиот претседател.
Тој исто така тврдеше дека Кина „сфатила дека сме во средината на когнитивна војна“, додавајќи дека нејзината стратегија е „да го извезува она што ги затапува младите умови, а да го задржи за своето население она што ги прави младите луѓе поинтелигентни“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон: Кина им дава на децата едукативен…
Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна тврдеше дека…
Кинa го лансира најдолгиот комерцијален лет во…
Авиокомпанијата „Чајна Истерн“ следната недела ќе го…
(Видео) Станари заробени во голем пожар во…
Пожар избувна денеска во станбен комплекс во…
Вучиќ: Ние сме воено неутрална земја и…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека…
Руте: Србија има суверено право на воени…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…