Објавено на:

Макрон му “згрме” на Ердоган: Турција да го почитува изборот на Финска и Шведска

t

Францускиот претседател телефонски разговарал со турскиот колега, кој веќе неколку дена ги одбива Шведска и Финска да влезат во НАТО, при што го повикал својот турски колега Реџеп Таип Ердоган да го „почитува суверениот избор” на Финска и Шведска да се приклучат на НАТО и се надева дека брзо ќе се најде „решение” за укинување на турското вето, јави дописникот на МИА.

„Претседателот на Републиката ја подвлече важноста од почитување на суверениот избор на овие две земји, кој произлегува од демократскиот процес и до кој дојде како реакција на еволуцијата на нивното безбедносно опкружување”, укажаа Елисејската палата по телефонскиот раговор.

Анкара во средата предупреди дека нема да се согласи со пристапувањето на Шведска и Финска без да добие „конкретни мерки” од нив во врска со нејзините безбедносни грижи, откако прими делегации на дипломати од овие две земји.

Турција отвори криза во НАТО, чиј член е, спротивставувајќи се на проширувањето на организацијата на овие две земји кои побараа да се приклучат на Алијансата по руската инвазија на Украина и добија поддршка од огромното мнозинство земји-членки.

Особено Финска, која дели 1.300 километри копнена граница со Русија. Турција ги обвинува нордиските земји, особено Шведска, која има голема заедница на турски прогонети, за засолниште на курдските милитанти од ПКК, Работничката партија на Курдистан, која ја смета за терористичка организација.

Таа, исто така, го осудува присуството на поддржувачите на проповедникот Фетула Ѓулен, за кого се сомнева дека го организирал обидот за пуч во јули 2016 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турција го блокира Инстаграм

Овој потег уследи по коментарите на турскиот…

Турција ќе ги заловува, но нема да…

Турскиот парламент усвои закон што налага сите…

Застрашувачка изјава на Ердоган: Турција би можела…

Турција би можела да влезе во Израел…

Силен земјотрес ја погоди Турција, се почуствува…

Земјотрес со размери од 4,8 степени според…

Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…

Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…