Макрон му порача на Трамп дека ЕУ е сојузник а не проблем на САД

t

Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека Европа е сојузник на СAД и дека Америка доколку сака Европа да биде ангажирана во поголеми инвестиции, безбедност и одбрана, тоа не треба да им наштети на европските економии заканувајќи им се со царини.

„Моето прво прашање за САД е: Дали Европската унија е ваш проблем број еден? Не, не мислам така. Вашиот прв проблем е Кина. Второ, Европа ви е сојузник. Ако сакате Европа да биде ангажирана во поголеми инвестиции и безбедност и одбрана… не треба да им наштетувате на европските економии заканувајќи им се со царини“, рече францускиот претседател.

Трамп го критикуваше трговскиот дефицит на САД со Европската унија, кој се зголеми за 26,9 милијарди долари на 235,6 милијарди долари во 2024 година, според податоците на американската влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Премиерот повторно излажа: За учество на избори…

Да се тврди дека зголемувањето на прагот…

Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…

Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…

Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…

Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…

(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…

Лиценца за испитен центар се издава за…