Макрон: Се надевам дека го убедив Трамп да не води трговска војна со ЕУ, туку со Кина
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека се надева оти го убедил американскиот претседател Доналд Трамп да не води трговска војна против Европа, туку да се фокусира на Кина.
„Не можете да имате трговска војна со Кина и Европа во исто време, се надевам дека го убедив во тоа“, изјави Макрон за „Фокс њуз“ по средбата со Трамп во Вашингтон, пренесува бриселскиот портал „Политико“.
Макрон изјави дека за Вашингтон „приоритет е да се воведат царини за Кина“ и дека во исто време водење трговска војна со Европа ќе биде против интересите на САД. Францускиот претседател рече дека се обидел да го убеди Трамп да не воведува царини, нагласувајќи дека Европа не направила ништо за да ја заслужи американската одмазда, пренесува „Танјуг“.
„Му реков на Трамп дека ДДВ не е царина и дека Европската унија никогаш не воведувала царини за увоз од Америка“, рече Макрон. Тој нагласи дека европските земји нема да можат да ги зголемат трошоците за одбрана, како што бара Трамп, доколку се соочат со трансатлантска трговска војна.
„Како мислите дека треба да ги зголемиме трошоците за одбрана и безбедност, ако сме во трговска војна“, рече Макрон.
Макрон и Трамп во понеделникот се обидоа да го убедат светот за нивната посебен срдечен однос, разменуваа комплименти, прегратки и шеги, но очигледно беше дека не се согласуваат како да се стави крај на руско-украинската војна и како да се спречи трансатлантска трговска војна, оценува „Политико“.
Францускиот претседател ќе ги информира лидерите на ЕУ за неговата средба со Трамп во среда.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…
„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…
Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…
Со новите измени на кривичниот законик ќе…
Трамп: САД постигнаа трговски договор со Кина!
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е…
Филипче од Атина: Македонија е заглавена со…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на меѓународна…