Макрон се пишмани: Во скоро време нема да испратиме војска во Украина
Франција не планира да испрати војници во Украина во блиска иднина, изјави францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за чешкиот портал „Новинки“ и весникот „Право“ во пресрет на неговата посета на Прага.
„Во одговор на прашањето што ми беше поставено за испраќање војници (во Украина), реков дека ништо не е исклучено… Тоа не значи дека ја разгледуваме можноста во блиска иднина да испратиме француски војници во Украина, туку отвораме дебати и размислуваме за се што може да се направи за да се поддржи Украина, пред се (веднаш) на украинска територија“, објасни Макрон.
Да потсетиме, на крајот на февруари, на прес-конференцијата по средбата посветена на поддршката на Украина, францускиот претседател изјави дека не може да се исклучи можноста за испраќање сили во Украина, иако за тоа нема консензус меѓу европските лидери. .
Во меѓувреме, Кремљ соопшти дека во случај на влегување на западните сили во Украина, нема да стане збор за веројатноста, туку за неизбежноста на директен конфликт меѓу Русија и НАТО.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавров: Украина мора да остане неутрална
Русија инсистира Украина, како што е предвидено…
Зеленски на ручек со кралот Чарлс Трети
Претседателот Зеленски се сретна со кралот Чарлс…
Захарова: Русија е подготвена да го реши…
Разговорите меѓу Русија и Украина се движат…
Трамп изјави дека гледа „мал напредок“ во…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гледа…
Путин откри што бара од Украина
Русија не бара капитулација на Украина, туку…