Макрон со честитка до Османи за Денот на независноста: Клучно е да се продолжат разговорите меѓу Белград и Приштина

t

Претседателот на Франција Емануел Макрон упати честитка до претседателката на Косово Вјоса Османа за Денот на независноста и рече дека од клучно значење е продолжувањето на разговорите за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.


Во своето писмо Макрон го охрабрува Косово одлучно да продолжи со напорите на полето на зајакнување на владеењето на правото и европската интеграција.

„Новата геополитичка ситуација создадена од војната поради руската агресија во Украина ја принуди Европската унија да ја зајакне својата политичка, економска и безбедносна посветеност на Западен Балкан. Токму тоа беше приоритет на нашето претседавање со ЕУ во првата половина од минатата година. Во овие тешки услови на закани и проблеми, го охрабрувам Косово да продолжи со решителните напори преземени за зајакнување на владеењето на правото, со цел да се поттикне европската интеграција. За тоа можете да сметате на нас“, нагласи Макрон во својата честитка.

Тој подвлече дека приоритет е продолжување на разговорите за нормализација на односите меѓу Србија и Косово, додавајќи дека тоа е клучно за европската перспектива на Косово и Србија и стабилноста на регионот и Европа.

„Очекуваме двете земји силно да се вклучат во дијалогот со посредство на ЕУ“, нагласи Макрон.

Тој изрази желба за зајакнување на билатералните односи меѓу Франција и Косово на економски и безбедносен план.

Тој изјави дека неколку француски компании се заинтересирани да му помогнат на Косово во енергетската транзиција.

Сакам уште повеќе да ја зголемиме динамиката на соработка на полето на културата, франкофонијата и младите за да ги доближиме двете општества“, напиша Макрон, поздравувајќи ја солидарноста на Косово со Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Добар пример кој го воодушеви регионот: Момче…

Косовските медиуми го фалат гестот на 12-годишник…

Протест на Србите во Северна Митровица: За…

Србите од северот на Косово денеска се…

Има само шест години: Малиот Никола од…

Никола Јовиќ од Сремска Митровица е мал…

Србија ќе изгради музеј во чест на…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…

Нови протести против ископувањето на литиум во…

Во Јагодина, Сремска Митровица, Инѓа и Книќ…