Макрон уверува: Конференцијата во Париз ќе им помогне на Украинците
Францускиот претседател Емануел Макрон нагласи дека денешната меѓународна конференција за помош во Париз има за цел да му помогне на „украинскиот народ да ја преброди оваа зима”.
Тој рече дека фокусот е на обезбедувањето краткорочна помош со оглед на обидите на Русија да „сее терор” во Украина со „кукавичко” бомбардирање на цивилната инфраструктура на државата.Во Париз денеска се одржува Меѓународна донаторска конференција за мобилизирање помош за Украина и нејзината инфраструктура, уништена од руската војна.На конференцијата ќе учествуваат околу 70 земји, меѓународни организации и Европската унија. Целта е да се координира итна помош во областа на енергијата, транспортот, земјоделството и здравствената заштита.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…