Макрон: Царинските закани се неприфатливи, Европа ќе одговори обединето
Францускиот претседател Емануел Макрон реагираше на царинските закани на Доналд Трамп, порачувајќи дека тие се неприфатливи. Макрон нагласи дека европските лидери ќе одговорат „обединето и координирано“ доколку тие се потврдат, објави тој на социјалните мрежи.
„Франција е посветена на суверенитетот и независноста на нациите, во Европа, како и на други места. Тоа ги води нашите избори. Тоа ја поддржува нашата приврзаност кон Обединетите нации и кон нивната Повелба“, наведе Макрон. Тој додаде дека „врз таа основа ја поддржуваме и ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина“.
Во истиот контекст го спомена и учеството во вежба на Гренланд. „Исто така, врз таа основа одлучивме да се приклучиме на вежбата што Данска одлучи да ја спроведе на Гренланд. Стоиме зад таа одлука. Особено затоа што се однесува на безбедноста на Арктикот и на границите на нашата Европа“, напиша тој. Макрон порача дека европските лидери нема да бидат под влијание на заплашување или закани. „Царинските закани се неприфатливи и немаат место во овој контекст“, додаде тој. „Ќе знаеме како да го одбраниме европскиот суверенитет. Во тој дух ќе разговарам со нашите европски партнери.“ Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави бран зголемување на царините за европските сојузници додека на САД не им биде дозволено да го купат Гренланд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон: Царинските закани се неприфатливи, Европа ќе…
Францускиот претседател Емануел Макрон реагираше на царинските…
Еди Рама поканет од Доналд Трамп во…
Албанскиот премиер Еди Рама објави дека добил…
МЗ: Предлог законот за заштита од пушење…
Предлог-законот за заштита од пушењето, подготвен од…
Професорот Бучковски стана бизнисмен
Поранешниот премиер и специјален владин претставник за…
Макрадули: Идина на рати… Државата се задолжи…
Зарем на никој не му смета… …што…