Објавено на:

Макрон ја обвини Русија дека ја дестабилизира Африка

t

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска ја обви ни Русија дека е „сила која ја дестабилизира Африка“ и изрази жалење што Москва избрала да „нема корисна улога за меѓународната заедница“.

– Таа земја (Русија) е дестабилизирачка сила во Африка преку разни приватни формации кои доаѓаат да го прегазат и уценат цивилното население, изјави Макрон маргините на Меѓународниот самит посветен на „новиот глобален финансиски пакт“.

Тој додаде дека Обединети нации забележале присуство на припадници на руската паравоена групација Вагнер во Централноафриканската Република.

Според Макрон, Русија е една од ретките колонијални сили на 21 век, која води „империјална војна“ со својот сосед Украина и не го почитува меѓународното право.

Францускиот претседател додаде дека во суштина Русија е една од ретките колонијални сили на 21 век, која води „империјална војна“ со својот сосед Украина.

Макрон посочи и дека би одговорил на телефонски повик од рускиот претседател Владимир Путин.

– Ако ме повика да предложам нешто, ќе прифатам бидејќи Франција отсекогаш била сила која помага и посредува, посочи Макрон, додавајќи оти продолжувањето на дијалогот е можно само доколку има почитување на меѓународното право, што овозможува живот во мир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…

По добиена согласност од Министерството за финансии,…

Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…

Левица по третпат бара Надзорна расправа за…

Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…

Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…

Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…

Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување…

Цените на горивата од вечерва на полноќ…