Макрон ќе им дели кондоми на младите Французи од 18 до 25 години

t

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, најави дека државата ќе им овозможи на младите од 18 до 25 години да добијат бесплатни кондоми како дел од борбата против сексуално преносливите болести и несаканата бременост.

Како што рече, кондомите ќе бидат достапни бесплатно во сите аптеки, пренесува Гардијан.

Потегот доаѓа откако владата оваа година ги стави апчињата за контрацепција достапни за сите жени под 25 години бесплатно, за да се осигура дека контрацепцијата е достапна за сите млади жени без оглед на финансиските околности.

Францускиот национален здравствен систем веќе ги надоместува трошоците за купување кондоми доколку се препишани од лекар или акушерка, мерка насочена кон борба против ширењето на СИДА и други полово преносливи болести.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон: Украина да не се радува премногу…

Францускиот претседател рече дека за време на…

Макрон е подготвен да го обнови дијалогот…

Доколку претседателот Путин има сериозни предлози и…

Макрон: Масовна копнена операција во Газа би…

Францускиот престедател Емануел Макрон изјави дека било…

Средба Макрон – Херцог во Ерусалим

Ние сме посветени да ги надминеме, и…

Макрон со свиткана опашка си заминува од…

По пучот во Нигер, воената хунта на…