Макрон ѝ се заканува на Кина со царини ако не го намали трговскиот дефицит со ЕУ

t

Францускиот претседател Емануел Макрон се закани дека ќе воведе царини за Кина во наредните месеци ако Пекинг не го намали трговскиот дефицит со Европската Унија, објавија денес француските медиуми.

Според него, ЕУ ќе мора да разгледа протекционистички мерки ако Кина брзо и конкретно не се обврзе да го запре нерамнотежата, што е од клучно значење за Европа, објавува „Ле Фигаро“.
По официјалната посета на Кина, Макрон го заостри својот став и рече дека Европа ќе преземе силни мерки против таа земја ако растечкиот трговски дефицит со ЕУ не се намали.

„Им реков дека ако не реагираат, ние Европејците ќе бидеме принудени во многу блиска иднина да преземеме решителни мерки, како САД, и да воведеме царини за кинески стоки“, рече францускиот лидер по враќањето од посетата на Кина и средбите со тамошните функционери.

Макрон додаде дека Кина го загрозува срцето на европскиот модел на индустрија и иновации, кој историски се базирал на производство на автомобили и машински алати.
Според него, зголемените царини што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп врз Кина само ја влошуваат ситуацијата.

„Ова ги влошува нашите проблеми бидејќи Кинезите ги пренасочуваат стоките кон нашиот пазар“, рече Макрон, додавајќи дека тоа е прашање на живот или смрт за европската индустрија.
За време на посетата на Кина, францускиот претседател нагласи дека Европа, за да го намали трговскиот дефицит, мора да прифати кинески инвестиции.

„Не можеме постојано да увезуваме, кинеските компании мора да дојдат во Европа“, рече Макрон.
Тој додаде дека кинеските инвестиции во Европа, сепак, не смеат да имаат за цел да воспостават хегемонија и да создадат зависност.

Секторите што се во прашање вклучуваат околу десетина сектори, како што се производство на батерии и електрични возила, преработка на литиум, енергија од ветер, електронски уреди, технологии за рециклирање, индустриска роботика, воздушни пумпи и производство на модерни компоненти, според „Ле Фигаро“.

Макрон додаде дека верува оти ЕУ мора да се заштити од кинеските електрични возила во најчувствителните сектори, како што е автомобилската индустрија, а во исто време повторно да се вклучи во конкурентноста.

„Ова бара поедноставување и зајакнување на единствениот пазар, инвестирање во иновации, правична заштита на нашите граници, како и комплетирање на царинската унија и прилагодување на монетарната политика“, заклучи Макрон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон ѝ се заканува на Кина со…

Францускиот претседател Емануел Макрон се закани дека…

Левица: Томовски фатен во лага – близок…

Директорот на СОЗР и личен пријател на…

Букурешт би можел да стане прв главен…

Анка Александреску води во анкетите, додека изборите…

Келог: Мировниот договор за Украина е „на…

Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп…

Судиите и обвинителите во Белград протестираат пред…

Група судии и обвинители од цела Србија…