Максим Димитриевски: Отсекогаш сум навивал за аутсајдерите

t

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски е љубител на фудбалот. Го следи актуелното Светско првенство во фудбал кое се игра во Катар и според досегашната игра смета дека Франција е фаворит. Жали што Германија не е веќе дел од играта.

– Криво ми е што Германија испадна од Мундијалот затоа што секој мундијал без Германија не е тоа што е. Инаку секојпат потајно сум навивал за некој од аутсајдерите или дебитантите што е многу тешко во оваа ситуација да излезат и да испливаат на површина – вели Димитриевски во интервју за Република.

Рапублика денеска имаше можност да разговара со Димитриевски на повеќе теми. Видео разговорот со кумановскиот градоначалник кој многумина го сметаа за аутсајдер на последните локални избори, но сепак исплива на површина и ја доби довербата на граѓаните, ќе имате можност да го слушнете и видите утре на Република.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…

Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…

Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…

(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…

Лиценца за испитен центар се издава за…

Власта бесрамно се фали со донациите на…

Левица ја оценува како крајно дрска и…

Владата најави ново задолжување од 700 милиони…

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека…