Малку лажеше: Мицкоски се пишмани не ја исклучува можноста за предвремени избори

t

Премиерот Христијан Мицкоски во Струмица изјави дека по очекуваната победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, логично би било да се размислува за можноста за предвремени парламентарни избори и нов четиригодишен мандат. Но, за таа одлука, вели премиерот, ќе се водат не од политичкиот, туку од интересот на државата.

„Очекувам по овие локални избори да влеземе во еден циклус на засилен инвестициски бран и оној кој ја следи политиката ќе рече дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе има силна победа, посилна од таа во 2021 година. Логично е да се предизвикаат предвремени парламентарни избори за да се обезбеди нов четиригодишен мандат“, вели Мицкоски.

Државниот пред партискиот интерес
Според премиерот, тоа е логично како политичка одлука.

„Но, ако го гледаме од државна логика тогаш поинаку размислуваме. Ние сакаме да ја ставиме државата пред се и интересот на стопанствениците, за да имате предвидлива иднина, да знаете што можете да очекувате, па дури потоа се обидуваме да го ставиме тој наш политички интерес. Но, ќе видиме. Прво да се случат работите, па потоа ќе носиме одлуки“, рече премиерот на Бизнис форум во Струмица, на кој присуствуваа стопанственици од регионот, како и министри од владиниот кабинет.

Премиерот во неколку наврати изминатиот период, кога се отвораше прашањето за одржување на предвремени избори го застапуваше ставот дека „ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да оди на избори уште утре, но прашањето е дали за тоа треба да трошат парите на граѓаните“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Малку лажеше: Мицкоски се пишмани не ја…

Премиерот Христијан Мицкоски во Струмица изјави дека…

Јошевска Атанасовска: Пораките меѓу вработени во УЈП…

Ни претстои долг и измачувачки судски процес…

Мицкоски: Време е за ресетирање на правосудниот…

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое…

Мицкоски очекува пониска инфлација, вели дека ДДВ…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува…

Трамп повикува на апсење на градоначалникот на…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска повика…