Објавено на:

Малолетен ученик украл лаптопи од училиште во Гази Баба па ги продавал

t

На 02.03.2023 полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба расчистија кривично дело „кражба“ од средно училиште на подрачје на Гази Баба, при што беа одземени осум лаптоп компјутери.

Имено, по преземени мерки и активности било констатирано дека делото го извршил малолетник – ученик во училиштето од с.Петровец, скопско. Со него бил извршен службен разговор во присуство на родител. Притоа, дел од компјутерите биле пронајдени во продажен објект на бул.„Партизански одреди“, при што сопственикот изјавил дека ги откупил од малолетникот.

Предметите биле вратени во училиштето, а по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од Министерството з авнатрешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен маж од Косово, украл „Голф“ во…

На 04.10.2024 во 19:40 часот во с.Порој,…

Код: Познати хотели и кафеани краделе струја,…

Околу 600 корисници, од кои повеќето се…

Прекинат е огромен континуиран ланец на кражба…

Прекинат е огромен континуиран ланец на кражба…

Ученик во средно училиште во Аеродром се…

Средношколец од Скопје завчера попладнето им се…

Ученик се заканувал на вработени во училиште…

Средношколец од Скопје, вчера попладне упатувал закани…