Малолетникот кој уби Македонец во Бугарија останува во притвор: Постојат докази дека се работи за убиство со умисла
Окружниот суд во Бургас денеска му одреди притвор на 14-годишниот Михаил, кој е обвинет за убиство на 49-годишен македонски државјанин, Игор Николовски во Сончев Брег, јави Бугарското национално радио.
Бугарското Јавно обвинителство го товари малолетникот дека делото убиство го сторил со умисла, додека пак според неговиот адвокат, се работи за самоодбрана.
На денешното судско рочиште Обвинителство достави и пријава од полицијата во Несебар дека против осомничениот се води истрага и за друго кривично дело.
– Станува збор за лице веќе познато на полицијата, кое на 5 февруари годинава бил спречен во обидот за ограбување на украински државјанин во Сончев Брег, кого го нападнал со цевка. Ова не му е прв обид да нападне некого, изјави обвинителот Иван Кирков.
Според него, постојат докази кои укажуваат дека осомничениот го извршил убиството со умисла. Кирков истакна дека малолетникот откако ја удрил жртвата, без да провери дали македонскиот државјанин е жив, го покрил со „остатоци од душеци и неколку даски“ и си заминал.
Обвинителот посочи и дека има докази оти од жртвата биле одземени пари, кои осомничениот ги искористил за да врати позајмица земена од заложна куќа во Сончев Брег.
На распитот мајката на осомничениот изјави дека во неговата чанта пронашла 1.400 лева, за кои тој и рекол дека му ги дал „пијан турист зад некој ресторан“. Ваквиот исказ го потврди и братот на осомничениот малолетник.
Неговиот адвокат, Радостин Пенев, пак, побара осомничениот да биде ослободен од притвор, наведувајќи дека тој соработувал со полицијата, како и дека „убиството било извршено во самоодбрана“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарскиот МОЛ сака да ја купи рафинеријата…
Унгарската компанија за нафта и гас МОЛ…
Двајца Македонци фатени со 137 килограми марихуана…
Двајца државјани на Македонија се приведени на…
Ѝ пукале во глава додека клечела –…
Убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски…
Љубчо Георгиевски на свое барање се сретнал…
Бугарскиот претседател Румен Радев го примил во…
Бугарскиот пазар полуде: Се нуди паркинг место…
Гаража или паркинг место за автомобил во…