Малолетник од Струмица превезувал мигранти од Египет и Сирија: уапсен е тој и 18-годишник од Богданци
Вчера околу 22:10 часот кај место викано „Дубрава“, полициски службеници од Полициската станица за гранични премин и гранична контрола Дојран ги лишија од слобода Ф.М.(18) од Богданци и 17-годишник од Струмица.
Претходно, полициските службеници ги забележале лицата како со патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал малолетникот, а сопатник бил Ф.М., превезуваат мигранти.
Подоцна, пред Богданци, возилото е запрено и лицата се лишени од слобода. Во службен разговоро тие го признале делото и изјавиле дека превезувале осум лица мигранти, од кои шест од Египет и двајца од Сирија. По преземени мерки и мигрантите се пронајдени и спроведени во прифатно –транзитен центар во Гевгелија, додека лицата се задржани во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Малолетник од Струмица превезувал мигранти од Египет…
Вчера околу 22:10 часот кај место викано…
Муцунски во паника се демантираше сам себе
*Фејсбук објава на Милош Милошевски Дали Timco…
Филипче: Муцунски да одговори дали во Македонија…
Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска одговарајќи…
Пронајдени седум мигранти од Египет и Ирак,…
Пронајдени се седум лица мигранти и лишени…
Скопјанец лишен од слобода за криумчарење мигранти…
Лишен од слобода скопјанец за криумчарење мигранти,…