Малолетник се обидел да прегази полицаец со мотор
Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 23.10 часот на Плоштад „Македонија“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од скопско село затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, а се обидел и да го удри со мотоциклот кој го управувал.
Истиот ден во 17.05 часот на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Г.(52) од Скопје затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Малолетник удрен со мотоцикл – со тешки…
На 02.03.2024 во 10.30 часот во СВР…
Малолетниот сериски убиец од Виена му се…
Тинејџерот (17) од Австрија, кој минатата недела…
Малолетник истепан од лица кои ги познавал
На 04.02.2023 во 21:30 часот во СВР…
Малолетник нападнат од осум лица во Центар
На 24.09.2022 во 02.30 часот во СВР…
Двајца мажи физички нападнале малолетник во Сарај
На 04.09.2022 во 15.00 часот во Полициското…