Малолетник украл компјутери, лаптопи и друга техника од новата зграда на општинската администрација во Струга

Компјутери, лаптопи и друга техника била украдена ноќеска од новата зграда на Општина Струга, во која пред само неколку дена се преселила општинската администрација.
Полицијата утрово во 9 часот лишила од слобода малолетник, осомничен за кражбата.
– Тој се сомничи дека извршил кривични дела „кражба” во канцеларија во Општина Струга и во продавница за мобилни телефони на улицата „Пролетерски бригади” во Струга. Одземените предмети се пронајдени и вратени на сопствениците, информира за МИА портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Малолетникот, додаде, е задржан во полициска станица и во присуство на неговите родители со него ќе биде извршен службен разговор.
– За настанот ќе биде известен и Центарот за социјални работи од Струга. По целосно документирање на случајот, во консултација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, изјави Димоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична пријава против шест лица од Охрид…
СВР Охрид поднел кривична пријава против В.А.(53)…
Еден осомничен за тешка кражба во стан…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Крадци украле пари од црква
Охридската полиција уапсила две лица кои краделе…
60-годишен човек загина при обид за кражба…
60-годишниот Г.Т загинал при обид за грабеж…
Крадци ограбиле бурекчилница во Куманово
Сопственик на бурекчилница во Куманово вчера пријавил…