Објавено на:

Малолетник украл пари од книжарница во ГТЦ

t

Полицијата уапси малолетник кој насилно влегол во книжарница во Градскиот трговски центар во Скопје и украл пари, соопшти Министерството за внаттрешни работи.

„Денеска  во 09.55 часот во Градскиот трговски центар полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода малолетник од Скопје, поради сомнение дека вчера во книжарница на подрачјето на Центар, со употреба на сила го скршил стаклото, влегол внатре и одзел пари. Со малолетникот бил извршен разговор во присуство на родител и адвокат за малолетници. Известен бил Јавен обвинител, а по извршениот разговор малолетникот бил предаден на неговиот татко. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок“, велат од МВР .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жена ограбила книжарница во Штип

На 30.05.2025 година во 17.50 часот во…

Кривична пријава против директорот на ГТЦ и…

На 17.12.2024 Единицата за финансиски криминал при…

Грабеж во ГТЦ: Разбојник украл паричник на…

74-годишна жена од Србија била ограбена среде…

Пожар во ГТЦ: Експресна реакција на пожарникарите!

Поради невнимание во Градскиот трговски центар во…

Малолетник украл пари од книжарница во ГТЦ

Полицијата уапси малолетник кој насилно влегол во…