Објавено на:

Манасков: Сите ме прифатија добро во Вардар

t

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 иако нема да игра во Лигата на шампионите поради суспензијата од ЕХФ, го засили тимот со репрезентативното крило Дејан Манасков. Манасков по пет години поминати во Веспрем, си замина од унгарскиот тим и потпиша за Вардар.

– Веќе неколку денови тренирам со екипата, добро се вклопив, доста од играчите ги познавам од претходно така што не беше тешко. Сите ме прифатија добро и се подготвуваме за почетокот на сезоната. Не очекува јубилејниот 50. турнир во Струга, ќе ми биде драго што по неколку години ќе играм таму. Се работи за квалитетен турнир кој ќе претставува генерална проба за тоа што не очекува во сезоната. Ќе го искористиме максимално овој период за да бидеме подготвени за дуелот на 23. август против Нексе. Играме дома, ќе одиме на победа и сакаме да се пласираме на завршниот турнир – изјави Манасков.

Вардар од 16 до 20 август ќе биде дел од традиционалниот Струшки ракометен турнир кој годината слави јубилеј 50-то издание. Покрај Вардар во Струга ќе настапат и екипите на Алкалоид, Целје Пивоварна Лашко, Бутел Скопје, Еурофарм Пелистер, Татран Прешов, АЕК Атина, Струга и Бутел

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голем помор на риба во Вардар кај…

Голем помор на риба и останатиот жив…

Човечко тело извлечено од вода на вливот…

ЦУК: Човечко тело е извлечено од надојдената…

(Фото) Еднаш вардарец, засекогаш вардарец: Нов гест…

Фудбалерите на Вардар в недела ги очекува…

Во Вардар во Велес најдено тело на…

Во реката Вардар во близина на место…

Град Скопје започна со реконструкција на пешачкиот…

Градот Скопје започна со реконструкција на пешачкиот…