МАНУ претстави стратегија за искористување на македонските минерални суровини во следните 20 години

Членови на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја презентираа новата Предлог-стратегија за геолошки истражувања и одржливо искористување на минералните суровини за периодот 2025-2045 која е во завршна фаза од изработка, по што ќе следи јавна расправа и нејзино усвојување од страна на Владата, информираат од Министерството.
Стратегијата, како што посочуваат, има за цел да го дефинира обемот и начинот на реализација на основните геолошки истражувања, како и одржливото искористување и потребите за експлоатација на минералните суровини кои се од клучно значење за развојот на стопанството. Документот детално го разработува искористувањето и експлоатацијата на природните ресурси во следните 20 години, при максимална заштита на природните особености на животната средина и на здравјето на луѓето со користење на најсовремени паметни технологии, практики и знаења применети во најразвиените земји во светот.
Министерката Сања Божиновска ја истакна важноста на оваа стратегија за економскиот развој на земјата, нагласувајќи дека одржливото управување со минералните ресурси е од суштинско значење за енергетската независност и индустрискиот напредок. Таа изрази благодарност до МАНУ за нејзиниот придонес во изработката на овој стратешки документ, соопштија од Министерството.
Академик Блажо Боев, како што велат во соопштението, посочил дека стратегијата е резултат на темелни истражувања и анализи, со цел да се обезбеди балансиран пристап помеѓу економскиот развој и заштитата на животната средина. Д-р Александар Дединец од МАНУ додал дека документот е усогласен со глобалните трендови и стандарди, и дека неговата имплементација ќе придонесе за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МАНУ претстави стратегија за искористување на македонските…
Членови на Македонската академија на науките и…
Академик Живко Попов: Актуелниот притисок за формирање…
На одбележувањето на Денот на МАНУ односно…
МАНУ никогаш не била затворена за научници…
„МАНУ никогаш не била затворена институција за…
Се огласи Академик Абази: МАНУ е една…
Имаме една Академија за сите, порачува академик…
ДОМ: Формирање на Албанска Академија на науките…
Ставот на ДОМ е дека иницијативата на…