Објавено на:

Манчестер Сити и Интер патуваат во 1/2 финалето на ЛШ – Милано ќе гори

t

Баерн Минхен не успеа да направи чудо, одигра 1-1 против Манчестер Сити кој ја оствари целта и се пласираше во полуфиналето, таму ќе оди и Интер кој со реми 3-3 го завери пласманот меѓу четирите најдобри, а за финале ќе се бори против градскиот ривал Милан.

Манчестер Сити одигра уште еден меч на високо ниво и покажа дека во моментов е поквалитетен тим од Баерн Минхен. Момците на Пеп Гвардиола ја завршија задачата и закажаа дуел со Реал Мадрид во полуфиналето.

Манчестер Сити првата голема шанса ја имаше во 38. минута кога Халанд не реализираше пенал кој беше досуден по игра со рака на Упамекано.

Францускиот дефанзивец направи нова грешка во 57. минута кога се лизна, овојпат Халанд го искористи неговиот кикс и постигна гол за водство на Манчестер Сити од 1-0.

Баерн Минхен во 83. минута постигна гол од пенал, Кимих биеше прецизно за израмнување на 1-1. Со тој резултат заврши овој дуел.

Интер и Бенфика одиграа исклучително ефикасен натпревар кој заврши нерешено 3-3. Нероазурите со вкупни 5-3 одат во полуфиналето.

Резултатот беше отворен уште во 14. минута кога Барела постигна убав гол за водство на Интер од 1-0. Во 38. минута Бенфика преку Аурснес изедначи на 1-1.

По 20 минути игра во вториот дел, Лаутаро Мартинез го врати водството на Интер, во 78. минута Кореа со убав погодок зголеми на 3-1.

Но, тоа не беше се. Во 86. минута Антонио Силва со глава намали на 3-2, а Муса во петтата минута од продолжението даде гол за конечни 3-3. Бенфика избегна пораз, но не избегна и елиминација од Лигата на шампионите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Премиерот повторно излажа: За учество на избори…

Да се тврди дека зголемувањето на прагот…

Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…

Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…

Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…

Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…

(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…

Лиценца за испитен центар се издава за…